Шпиц

Човековите права во Србија, Црна Гора и Косово

14:00 | 12.03.2010 | Автор: МИА

Заштитата на правата на човекот во Србија е на високо ниво, а српската Влада продолжува со напредок во соработката со Меѓународниот суд во Хаг, се вели во извештајот на Стејт департментот за правата на човекот во 2009 година.
Во извештајот се вели дека српскиот Суд за воени злосторства ги продолжил процесите за злосторства во поранешна Југославија, а владата постигнала напредок во соработката со соседните држави, Меѓународната комисија за исчезнати лица и други меѓународни организации.
Како негативно се потенцира корупцијата и политичкото влијание во српските судови, прекумерна полициска сила, притоск врз новинари и религиозна, етничка и полова дискриминација.
Во делот за Црна Гора се вели за висок степен на корупција и криминал, недоверба на граѓаните во државните институции и судството како и обиди за постојано ограничување на слободата на медиумите.
Најголеми слабости се неефикасно судство и политички притисок врз судовите, лоши услови во затворите, неосновани апсења, низок степен на слобода кај медиумите. Во извештајот се доава дека ниту еден функционер во таа држава не бил казнет за корупција.
Позитивна оцена е дадена за прифаќање закони за заштита на правата на човекот.
За Косово, Стејт депарментот вели дека се чести случаите на политичко и етнички мотивирано насилство, неефикасно судство, голем број насилно раселени лица и недостиг од услови за враќање во домовите.
Наброеани се случаи на насилство и дикриминација на жените, трговија со луѓе, а забележлива е антипатија кон Србите и СПЦ.
Во извештајот посочени се и случаи на корупција и вмешување на Владата во работите на судовите и армијата како и ограничување на слободата на медиумите.
Регистрирани се различни форми на социјално насилство, нетрпеливост кон различна сексуална ориентација, работа на деца на црно. Косовските институции лани не донеле ниту еден закон за заштита на правата на работниците.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.