Ејуп Ганиќ пуштен на слобода
14:00 | 11.03.2010 | Автор: e-reporter
Високиот суд во Лондон одлучи денеска да го пушти на условна слобода поранешниот воен лидер на босанските муслимани Ејуп Ганиќ, кој е обвинет во Србија за воени злостсорства.
За Ганиќ беше платена кауција од 300.000 фунти, иако судот одреди износ од 200.000.
Претходно беше појаснето дека Ганиќ, доколку биде пуштен на привремена слобода, ќе мора да остане во Лондон најмалку до 14 април, кога би било одржано рочиште на кое Србија треба да го изложи целиот случај поради кој бара екстрадиција на Ганиќ.
Србија вчера на Велика Британија и испрати молба, како и докумнетацијата врз основа на која бара екстрадиција на Ганиќ.
Српската страна тврди дека има цврсти докази за учество на Ганиќ во нападот врз колоната на ЈНА, извршен во Сараево, во мај 1992 глодина./