Шпиц

Еврокомесарот Фуле на 19 февруари во Македонија

14:15 | 11.02.2010 | Автор: МИА

Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле на 19 февруари ќе ја посети Македонија.
Фуле, како што потврдија за МИА во македонското МНР, ќе се сретне со премиерот Никола Грувески, со вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.На средбите се очекува да стане збор за евроинтеграцијата на Македонија, а во тој контекст и за грчкото условување на стартот на преговорите за членство со претходно решавање на прашањето за името. Чехот Фуле, кој пред два дена и формално го наследи Оли Рен на местото еврокомесар за проширување, доаѓа во Македонија по усвоената резолуција во ЕП во која се препорачува што побрз почеток на пристапните преговори и барањето на европратениците за поголем ангажман на ЕУ за решавање на спорот за името.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.