Фејсбук и Твитер на медиски тест
14:00 | 23.01.2010 | Автор: NET PRESS
Вечна е дебатата за тоа колку се веродостојни податоците што се појавуваат на друштвените мрежи Фејсбук и Твитер. Накоро може ќе добиеме одговор.
Пет новинари решиле да се изолираат на француска фарма и да ја работат својата вообичаена работа, но исклучиво со информациите кои ги има на Твитер и Фејсбук. Проектот ќе трае 5 дена.
Во текот на петте дена, почнувајќи од први февруари, новинарите нема да имаат пристап до интернет преку мобилните телефони, радиска и телевизиска програма или кој бил сличен извор на информации. Сите информации кои ќе ги примаат ќе доаѓаат исклучиво од Фејсбук и Твитер.
Информациите кои ќе ги добиваат ќе ги селектираат по сопствен избор и искуство и ќе ги објавуваат на заедички блог.
Ќе биде интересно да се види како ќе резултира целиот проект.