Шпиц

Но­ва истра­га за ис­чез­на­та­та Ан­ге­ла

15:30 | 19.01.2010 | Автор: Шпиц

При­леп­ско­то об­ви­ни­телс­тво на по­ли­ци­ја­та & да­де но­ви на­со­ки ка­ко да го истра­жу­ва слу­ча­јот со ис­чез­на­то­то шес­тго­диш­но де­вој­че од ма­ри­ов­ско­то се­ло Ду­ње. Про­ме­на­та на истра­га­та е на­пра­ве­на по­ра­ди тоа што и по шест ме­се­ци отка­ко Ан­ге­ла Ѓор­ѓи­о­ска ис­чез­на од дво­рот во се­меј­на­та ку­ќа, сe уште не­ма ни­ту тра­га, ни­ту глас од неа. Неј­зи­на­та мај­ка Ана­ста­си­ја ве­ли де­ка е жи­ва, но се сом­не­ва оти е кид­на­пи­ра­на и про­да­де­на. Од по­ли­ци­ја­та ве­лат де­ка по­тра­га­та по Ан­ге­ла про­дол­жу­ва.

- Бол­ка имам во гра­ди­те. Нај­те­шко е на­у­тро, ко­га ќе се раз­бу­дам и ко­га ја не­ма Ан­ге­ла по­крај ме­не. Неј­зи­ни­от брат, че­ти­ри­го­диш­ни­от Бла­шко се­кој ден ја ба­ра. Ѓор­ѓи­на, пак, по­ма­ла­та се­стра не знае де­ка ја не­ма - рас­ка­жу­ва Ана­ста­си­ја.

Таа ве­ли де­ка ве­ќе три ме­се­ци ни­ту по­ли­ци­ја­та не­ма стап­на­то во нив­ни­от дом.
- Не зна­е­ме до ка­де е по­тра­га­та. По­ли­ци­ја­та не­ма дој­де­но кај нас два ме­се­ца - ве­ли мај­ка­та.
Од МВР ве­лат де­ка не­ма ни­што но­во во вр­ска со слу­ча­јот на ис­чез­на­та­та Ан­ге­ла.
- По­тра­га­та про­дол­жу­ва - кра­тко ни из­ја­ви­ја од МВР.

Шес­тго­диш­на­та Ан­ге­ла ис­чез­на на 23 ју­ли ми­на­та­та го­ди­на. Де­вој­че­то со бра­ту­че­тка & би­ла кај со­се­ди­те и по­ра­но трг­на­ла за до­ма, но на пе­де­се­ти­на ме­три од се­меј­на­та ку­ќа & се гу­бат тра­ги­те. Ан­ге­ла го­ди­на­ва тре­ба­ше да би­де пр­ва­че.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.