Охридски „Sunny Lake“ најдобар хостел во Македонија
13:45 | 04.03.2010 | Автор: e-reporter
Охридскиот „Sunny Lake“ е прогласен за најдобар хостел во Македонија за 2009 година, во изборот на асоцијацијата на светски хостели „Hostelworld customers“.
Хостелот „Sunny Lake“ се наоѓа во стариот дел на Охрид и e сместувачки капацитет од отворен тип, кој функционира во текот на целото деноноќие.
Од најдобриот македонски хостел изразија надеж дека ќе продолжи успешната соработка со „Hostelworld customers“, која од 2004 година е партнер на УНИЦЕФ, јави денеска порталот Охрид њуз.
Со секоја извршена резервација преку „Hostelworld customers“, се помага на децата од Хаити ,кој неодамна беше погоден од катастрофален земјотрес.