Шпиц

Оли­вер Ман­диќ ќе за­пее за То­ше

12:15 | 23.01.2010 | Автор: Шпиц

Ќе има уште ед­но го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње на го­ле­ми­от кон­церт во чест на ле­ген­да­та То­ше Про­е­ски, в не­де­ла во скоп­ска­та са­ла „Бо­рис Трај­ков­ски“

Бел­град­ски­от ле­ген­да­рен пе­јач Оли­вер Ман­диќ, во при­друж­ба на бра­ќа­та Та­вит­јан, пре­ми­ер­но ќе ја за­пее пес­на­та што ја сни­ми, а е по­све­те­на на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка ле­ген­да То­ше Про­е­ски, на кон­цер­тот „То­ше, те са­ка­ме си­те - со ху­ма­ност до свет­ли­на­та“, утре­ве­чер во „Бо­рис Трај­ков­ски“. Се под­го­тву­ва уште ед­но из­не­на­ду­ва­ње за број­на­та пуб­ли­ка, од око­лу де­сет ил­ја­ди по­се­ти­те­ли (спо­ред про­да­де­ни­те би­ле­ти кои плам­наа за еден ден).

Му­зи­ка со љу­бов соз­да­ва­на од То­ше, тоа се осум­те но­ви пес­ни во авторс­тво на ме­гаѕ­вез­да­та, кои на сце­на ќе ги ис­пе­ат То­ни Це­тин­ски, Бо­рис Но­вко­виќ, Ни­на Ба­дриќ, Аки Ра­хи­мов­ски, Еле­на Ри­сте­ска, Ка­ли­о­пи, Је­ле­на То­ма­ше­виќ и Бо­јан Ма­ро­виќ.

Про­мо­ви­ра­на ќе би­де и не­об­ја­ве­на­та пес­на со гла­сот на То­ше „Сe` уште со­ну­вам де­ка сме за­ед­но“ на хр­ват­ски­от автор Ми­рос­лав Рус, ка­ко и спо­тот за пес­на­та „Gu­ilty“ од ал­бу­мот на То­ше из­да­ден на анг­ли­ски ја­зик „The har­dest thing“.

Че­ти­ри врв­ни во­ди­те­ли ќе го во­дат кон­цер­тот, со што овој на­стан ќе го на­пра­ват уште пос­пе­кта­ку­ла­рен. Ма­ке­до­ни­ја ќе ја прет­ста­ву­ва поз­на­ти­от актер, му­зи­чар и шо­у­мен Игор Џам­ба­зов, Да­ли­бор Пе­тко е вр­вен ра­дио и ТВ-во­ди­тел од Хр­ват­ска, Ми­лан Ка­ли­ниќ е, исто та­ка, поз­нат срп­ски актер и во­ди­тел, а од Цр­на Го­ра до­а­ѓа но­ви­на­рот и уред­ник на за­бав­на­та про­гра­ма на нив­ни­от на­ци­о­на­лен ТВ-ка­нал, Дра­жен Ба­у­ко­виќ.

Ден пред тоа, утре­ве­чер во 20 ча­сот во „Але­ксан­дар па­лас“ ќе би­де про­мо­ви­ра­но це­де­то со овие пес­ни „То­ше и при­ја­те­ли­те“. Го­сти на про­мо­ци­ја­та ќе би­дат из­ве­ду­ва­чи­те од ал­бу­мот.

Со овие два на­ста­ни се сла­ви ро­ден­де­нот на ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка ле­ген­да, 25 ја­ну­а­ри. Па­ри­те што ќе би­дат со­бра­ни на кон­цер­тот ќе би­дат на­ме­не­ти за освет­лу­ва­ње на ма­на­сти­рот на То­ше, „Све­то Пре­о­бра­же­ние“ во Кру­ше­во, ка­ко и за 33,5-ме­тар­ски­от крст, кој ќе се гра­ди во не­го­ва бли­зи­на.
Ка­ко по­кро­ви­те­ли се ја­ву­ва­ат вла­да­та и пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра и ми­ни­стер­ка­та Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­ле­ска, ка­ко и ЕВН.


„Во кралс­тво­то То­ше­до­ни­ја“

Со ко­мен­та­ри­те од ти­пот „Оди­ме во кралс­тво­то То­ше­до­ни­ја“, „То­ше наш - мал­ку на Зем­ја­та, за­се­ко­гаш во на­ши­те ср­ца, веч­но со ан­ге­ли­те“ и мно­гу дру­ги, фа­но­ви­те од со­сед­ни­те зем­ји го нај­а­ви­ја сво­е­то до­а­ѓа­ње на кон­цер­тот.

В по­не­дел­ник на фо­ру­мот www.to­se­pro­e­ski.tk, фа­но­ви­те со тра­ди­ци­о­нал­но сај­бер-ко­мен­ти­ра­ње нај­а­ви­ја де­ка ќе го од­бе­ле­жат 29-от ро­ден­ден, из­ле­гу­ва­ње­то на ал­бу­мот „То­ше и при­ја­те­ли­те“ и та­ка­на­ре­че­ни­от „Ден без гра­ни­ци“. На бло­гот www.to­se.blo­ger.hr, хр­ват­ски­те фа­но­ви пред­ла­га­ат, во чест на То­ше, 25 ја­ну­а­ри да би­де прог­ла­сен за „Ден без гра­ни­ци“.



Кон­цер­тот, по­ра­ди не­за­пам­тен ин­те­рес на фа­но­ви кои не ус­пе­а­ле да обез­бе­дат би­ле­ти, ќе се сле­ди и од пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја. В не­де­ла во 20.30 ча­сот на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де по­ста­вен џам­бо лед-екран од 50 ква­драт­ни ме­три, од ка­де што ќе мо­же да се сле­ди кон­цер­тот.


Кон­цер­тот ќе го сле­дат над 25 ми­ли­о­ни гле­да­чи на по­ве­ќе кон­ти­нен­ти, со пре­нос пре­ку са­те­лит, а ќе го пре­зе­ма­ат те­ле­ви­зи­ски­те ста­ни­ци од Ср­би­ја, Цр­на Го­ра, Бос­на и Хер­це­го­ви­на, Хр­ват­ска, Сло­ве­ни­ја, Бу­га­ри­ја.

Ка­ко и се­ко­гаш на кон­цер­ти­те на То­ше, на сце­на ќе би­де ор­ке­ста­рот на МОБ под ди­ри­гент­ство на Са­ша Ни­ко­лов­ски-Ѓу­мар, ка­ко и бен­дот на То­ше. Пес­на­та е соз­да­де­на од Оли­вер Ман­диќ и од бра­ќа­та Та­вит­јан, а тек­стот е на Ма­ри­на Ту­ца­ко­виќ. И го­ле­мо­то из­не­на­ду­ва­ње на кон­цер­тот, сопс­тве­ни­кот на ТВ Пинк Жељ­ко Ми­тро­виќ - бас-ги­та­рист на гру­па­та „Окто­бар 1864“, кој иа­ко де­нес е еден од нај­го­ле­ми­те ме­ди­ум­ски маг­на­ти, се по­ја­ву­ва на сце­на со ги­та­ра.

Кон­цер­тот ќе го обе­ле­жи пре­ми­ер­но­то при­ка­жу­ва­ње на спо­тот за ну­ме­ра­та „Сe` уште со­ну­вам де­ка сме за­ед­но“, изра­бо­тен од ком­па­ни­ја­та „ДМ“.

Вр­ска­та ме­ѓу То­ше и де­ца­та и нив­на­та бла­го­дар­ност кон не­го ќе би­де прет­ста­ве­на пре­ку на­ста­пот на де­ца­та од Му­зич­ки­от ка­би­нет во Кру­ше­во што го но­си име­то на То­ше. Де­ца­та од Му­зич­ки­от ка­би­нет во Кру­ше­во ќе ја ис­пол­нат ну­ме­ра­та „Цре­ша“, ко­ја То­ше ја на­ре­ку­ва­ше авто­би­о­граф­ска.

Пре­нос од кон­цер­тот ќе мо­же да се сле­ди и на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја на го­лем екран од 42 ква­драт­ни ме­три со кон­церт­но оз­ву­чу­ва­ње, обез­бе­де­но од ЕВН Ма­ке­до­ни­ја, за си­те кои са­ка­ат под ѕвез­де­но не­бо да би­дат дел од оваа све­че­ност во чест на 29. ро­ден­ден на То­ше.

Кон­цер­тот е ре­а­ли­зи­ран со по­кро­ви­телс­тво на вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ЕВН Ма­ке­до­ни­ја, а во ор­га­ни­за­ци­ја на ме­ѓу­на­род­на­та фон­да­ци­ја „То­ше Про­е­ски” и тех­нич­ка под­др­шка на „Аворд“. Фон­да­ци­ја­та со рес­пект ја по­ка­ни ме­на­џер­ка­та на То­ше, Љи­ља­на Пе­тро­виќ, ко­ја ка­ко го­стин и дел на ти­мот се за­ло­жи за ре­а­ли­за­ци­ја на овие актив­но­сти.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.