Шпиц

Се­кое во­зи­ло во Ае­ро­дром ќе има дом

20:15 | 25.01.2010 | Автор: Шпиц

Мон­таж­ни­те пар­ки­ра­ли­шта се дел од ре­ше­ни­е­то на проб­ле­мот со не­до­стиг од пар­кинг-ме­ста.

Со по­ста­ву­ва­ње мон­таж­ни пар­ки­ра­ли­шта, из­град­ба­та на кат­ни га­ра­жи и со во­ве­ду­ва­ње­то на зон­ско­то пар­ки­ра­ње, оп­шти­на Ае­ро­дром ќе се оби­де да се спра­ви со не­до­сти­гот од ме­ста за пар­ки­ра­ње, што е бол­на точ­ка на це­ло­то град­ско по­драч­је. За овој про­ект, од те­ков­ни­от оп­штин­ски бу­џет се обез­бе­де­ни 700.000 евра, а свој па­ри­чен при­до­нес да­ва и Град Скоп­је. Иа­ко точ­но не се знае ко­га ќе би­де фи­на­ли­зи­ран овој про­ект, ве­ќе е утвр­де­но де­ка со мон­таж­ни­те пар­ки­ра­ли­шта ќе сто­па­ни­су­ва ЈП „Град­ски пар­кинг“.

- Убе­де­ни сме де­ка из­град­ба­та на мон­таж­ни­те пар­ки­ра­ли­шта ќе би­де дел од ре­ше­ни­е­то на проб­ле­мот со не­до­стиг од пар­кинг-ме­ста, по­крај во­ве­ду­ва­ње­то на зон­ско­то пар­ки­ра­ње и из­град­ба­та на кат­ни­те га­ра­жи - ве­ли гра­до­на­чал­ни­кот Иви­ца Ко­нев­ски.

Во тек е пр­ва­та фа­за од про­е­ктот, а по изра­бо­тка на идеј­но­то ре­ше­ние за мон­таж­ни­те кат­ни га­ра­жи ќе би­дат пре­ци­зи­ра­ни по­ве­ќе де­та­ли за тоа кол­ку ќе чи­ни нив­на­та изра­бо­тка и кон­крет­но на кои ло­ка­ции ќе би­дат по­ста­ве­ни.

- Мон­таж­ни­те кат­ни га­ра­жи или та­ка­на­ре­че­ни­те фаст-пар­ко­ви ќе би­дат до­град­би на по­сто­еч­ки­те пар­ки­ра­ли­шта. Тие ќе би­дат изра­бо­те­ни од че­лич­на кон­струк­ци­ја и ќе се гра­дат, пред с*, на ло­ка­ции што прет­ста­ву­ва­ат тес­но гр­ло во со­о­бра­ќа­јот, но и се­ка­де ка­де што има во­ве­де­но зон­ско пар­ки­ра­ње - ве­лат од оп­шти­на­та.

Се пла­ни­ра ед­но од мон­таж­ни­те пар­ки­ра­ли­шта да се по­ста­ви во бли­зи­на на ди­ско­те­ка­та „Ко­ло­се­ум“, кај же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца. Це­на­та ќе би­де сим­бо­лич­на, а жи­те­ли­те од окол­ни­те згра­ди за ко­ри­сте­ње на овие пар­ки­ра­ли­шта ќе пла­ќа­ат по три де­на­ри на ден.

Ае­ро­дром е пр­ва­та оп­шти­на во Скоп­је, во ко­ја ќе се имп­ле­мен­ти­ра ва­ков вид со­вре­ме­но пар­ки­ра­ње, по тер­кот на за­пад­но­е­вроп­ски­те ме­тро­по­ли.

Гра­до­на­чал­ни­кот на Скоп­је ќе се оби­де на сли­чен на­чин да го ре­ши проб­ле­мот со пар­ки­ра­ње и во цен­трал­но­то град­ско по­драч­је, ка­де што ре­ал­но по­стои и нај­го­лем проб­лем со на­о­ѓа­ње­то ме­сто за пар­ки­ра­ње.

Со цел да се уб­ла­жи проб­ле­мот, ми­на­та­та не­де­ла оп­шти­на Ае­ро­дром поч­на да ги рас­чи­сту­ва и да ги освет­лу­ва по­сто­еч­ки­те под­зем­ни га­ра­жи на пет ло­ка­ции со ка­па­ци­тет од око­лу 3.000 ме­ста. Оп­шти­на­ри­те се на­де­ва­ат де­ка со овој по­тег ќе ги на­те­ра­ат сопс­тве­ни­ци­те на овие га­ра­жи да поч­нат да ги ко­ри­стат ка­ко га­ра­жи, а не ка­ко скла­ди­шта и ма­га­ци­ни.

Из­град­ба­та на кат­на­та га­ра­жа по­крај ТЦ „Би­сер“ тре­ба да би­де го­то­ва до кра­јот на го­ди­на­ва, а во де­тал­ни­от ур­ба­ни­стич­ки план на оп­шти­на­та е пред­ви­де­но да се из­гра­ди уште ед­на кат­на га­ра­жа од спро­тив­на­та стра­на на бу­ле­ва­рот, по­точ­но на рас­крс­ни­ца­та ме­ѓу бу­ле­ва­ри­те Ја­не Сан­дан­ски и Ср­би­ја.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.