Торта со бела чоколада
22:00 | 24.01.2010 | Автор: Билјана Илиќ Героска
Бисквит
50 г путер, омекнат
200 г бисквити
сончогледово масло
Фил:
5 листа желатин
200 г бела чоколада
6 лажици млеко
500 г рикота
300 мл павлака
50 г шеќер во прав
2 јајца
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Издробете ги бисквитите и измешајте ги со путерот. Притиснете ја смесата во калапот. Печете 6 минути во рерна, оладете и пребришете ја внатрешноста на калапот со кујнска хартија.
3. Потопете го желатинот во вода. Чоколадата стопете ја со млекото на пареа мешајќи. Додајте го желатинот и мешајте додека се стопи.
4. Измешајте ги рикотата, павлаката, шеќерот во прав и жолчките. Во посебен сад изматете ги белките. Соединете ја смесата на чоколадата со рикотата и нежно додајте ги изматените белки.
5. Внимателно излејте ја смесата врз оладениот бисквит, покријте го со горниот дел од калапот и држете го на ладно преку ноќ. Украсете со рендана бела чоколада и зрна од калинка.