Верижен судир на 130 возила во Германија
13:15 | 12.03.2010 | Автор: e-reporter
Над 25 луѓе се повредени во верижниот судир на 100 автомобили и 30 камиони што денеска се случи на автопатот кај германскиот град Аугсбург, соопшти германската полиција.
До несреќата на автопатот А8 во правец кон Минхен во покраината Баварија, дошло поради лошите временски услови, соопшти полицијата.
Сообраќајот на автопатот е во прекин, а службите работат на негово расчистување.