Излезни анкети: Во Украина води Јануковиќ
09:15 | 18.01.2010 | Автор: NET PRESS
Лидерот на украинската опозиција Виктор Јануковиќ води на изборите за претседател на Украина, што се одржа вчера. Премиерот Јулија Тимошенко се наоѓа на второ место, покажале првите две излезни анкети.
Во анкетата на ИЦТВ, Јануковиќ има 35,06 отсто од гласовите, додека Тимошенко освоила 25,72. Додека по националната излезна анкета водачот на опозицијата има 31,5, а премиерката е со 27,2 отсто. Доколку овие податоци се покажат како точни Јануковиќ и Тимошенко ќе одат во вториот изборен круг на седми февруари.
Сегашниот претседател на Украина Виктор Јушченко се нашол на шесто место со само шест отсто добиени гласови, пренесуваат светските медиуми.