Шпиц

Земјотрес од 6,4 степени го погоди јужен Тајван

10:15 | 04.03.2010 | Автор: e-reporter

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер го погоди утрината југот на Тајван, соопшти американскиот Институт за геолошки истражувања.
Тајванското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во земјотресот има 12 полесно повредени лица, јави СиЕнЕн. Се' уште нема никакви извештаи за смртно настрадани или тешко повредени луѓе.
Епицентарот на земјотресот е лоциран во планинска област на околу 40 километри северозападно од Таитунг, на југоисточното крајбрежје на Тајван.
По земјотресот следеле десеттина силни потреси на тлото, од кои најсилното било со магнитуда од 4,8 по Рихтер.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.