Шпиц

Признанија за А1 телевизија и за ВИП

21:00 | 10.03.2010 | Автор: Шпиц

Поради соработката во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, плакети во знак на благодарност, вчера им беа доделени на А1 телевизија и на Велија Рамковски, како и на мобилниот оператор ВИП. Покрај нив, Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата, плакети им додели и на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Благодарноста е за исклучителната соработка со Советот во повеќе акции во текот на минатата година.
- Успешноста на проектите и активностите за подобрување на безбедноста на сообраќајот зависи од соработката на сите вклучени страни. Позитивните примери за успешна соработка треба да ги поздравиме и да дадеме поттик за понатамошна соработка - образложи м-р Никола Ангеловски, претседател на Советот.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.