Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
17:30 | 06.02.2010 | Автор: Шпиц
6 февруари,
Скопје
СДСМ денес организираше протести на скопскиот плоштад, на кој присуствуваа Јани Макрадули кој се криеше со капче, советничката на Бранко Црвенковски Тања Томиќ, координаторот на советничката група Петар Арсовски -попознат како човекот кој го кодошеше Ристо Шишков, и останати функционери на партијата.
И покрај максималниот ангажман на сите нивни партиски структури и притисоците кои ги прават два дена врз сопствените членови, СДСМ не успеа да собере повеќе од 250 луѓе кои протестираа.
Тоа говори дека немаат никаква поддршка од граѓаните кои гледаат дека некој сака да изгради нешто добро за својата држава.
За тоа дали Бранко Црвенковски е државник најдобро говори нивниот нов коалиционен партнер Стојан Андов кој на 01.04.2004 изјави “Каков државник, тој е држалник, а неговата политика е курс на пропаста на економијата на Македонија”.
СДСМ еднаш вика дека за проектот се потрошени 100, а друг пат дека се потрошени 200 милиони евра. Не знаат веќе што зборуваат, и што излажале претходно.
СДСМ греши. ВМРО-ДПМНЕ не дава толку пари за проектот. ВМРО-ДПМНЕ дава 100 милиони евра за образованието, 100 милиони евра за земјоделието, 150 милиони евра за здравството, 50 милиони евра за информатичкото општетство. Тоа се фактите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ