Шпиц

Скопје 2014 како Ашхабад

22:00 | 05.02.2010 | Автор: Шпиц

Една од најсиромашните земји во пустинскиот дел од Азија со години наназад градеше монументални и империјалистички споменици по волја на диктаторот Сапармурат Нијазов, кој почина во 2006 година.

Идно Скопје или денешен Ашхабат, главен град на централноазиската држава Туркменистан, последен бастион на сталинистичко-фашистички режим. Сите сличности се намерни затоа што и едно лаичко око може да го препознае плагијатот од архитектура. За оној режимскиот плагијат сличностите заслужуваат анализа, иако и по смртна на диктаторот Сапармурат Нијазов, Туркмените се уште се борат за основните права и слободи во земјата која се нарекува демократска.
Една од најсиромашните земји во пустинскиот дел од Азија со години наназад градеше монументални и империјалистички споменици по волја на диктаторот Нијазов, кој почина во 2006 година. Стотиците споменици од тоа време меѓу кои и многу градби како оние кои ќе го снајдат Скопје до 2014 година, се доказ за едно невреме кога Туркмените живуркале со само 50 долари месечно, а на пензионерите им беа одземени пензиите.
Но и по смртта на Туркменбашата (татко на сите Туркмени), како што сам си се нарекол Нијазов, Туркменистан продолжува со градбите иако економската состојба на народот е катастрофална. Последната вест која дојде од таму е дека неговата замена Гурбангули Бердимухамедов има намера да изгради споменик, што ќе стане симбол на Ашхабат, како што е Ајфеловата кула.
- Отворен е конкурс за споменик, кој ќе стане симбол на Ашхабат, како што е Ајфеловата кула во Париз или Статуата на слободата во Њујорк - рече градскиот архитект. Споменикот ќе стои во центарот на главниот град на Туркменистан.
Не може веднаш да не се забележи сличност од завчерашната презентација на изгледот на центарот на Скопје со овој момент. Информацијата вели дека инвеститорот на еден дел од скопското „Сити галери“ има идеја да постави големи екрани по урнекот на „Пикадили“ во Лондон и „Тајмс сквер“ во Њујорк.
Владата во Туркменистан, пак, кој изобилува со нафта и природен гас, со години работи на амбициозни проекти за разубавување на главниот град, како „Палата на среќата“ за организирање венчавки и Олимписко село за летни и зимски спортови.
Спомениците во Ашхабит исто како и оние кои ќе го снајдат Скопје се изработени од бронза, освен оној на поранешниот претседател, кој е позлатен. Мермерни лавови во главниот град на Туркменистан се поставени речиси на секој чекор, слични на оние кои кај нас ќе стојат на мостот „Гоце Делчев“. Исто како и кај нас, и во центарот на Азија има триумфална порта, филхармонија слична на онаа презентирана завчера, суд, театар и други градби со идентичен или многу сличен лик. Сличностите се многу, а реалноста покажа дека многу лесно се доаѓа до плагијати посебно во последните години. Неодамна беа критикувани и спотовите на Милчо Манчевски за презентација на Македонија низ светските ТВ-канали, кои беа речиси исти со видеоклиповите за туристичка промоција на Грузија.

- Туркмените негуваат култ кон Александар Македонски затоа што таа територија некое време била под негово владеење.
- Ашхабат доби и нов национален музеј во кои се сместени многубројни остатоци од персиската култура.
- Градот има многу џамии.

Сличности

- Во Туркменистан неколку пати е одржан ден на дрвото каде што беа насадени голем број садници.
- На 1 јули 2009 година во Туркменистан стапи на сила Законот за трето дете, а поради нискиот наталитет владата обезбедува бенефиции за секое семејство кое ќе роди повеќе од две деца.
- Во почетокот на оваа 2009 година, претседателот Бердимухамедов ја зголеми платата на државната администрација, како и пензиите за цели 10 проценти.
- Од 1993 година до денес, преку 100.000 Туркмени извадиле руски пасош.

Уредби од Нијазов
- Забрана за шминкање на водителите.
- Забрането пушење на јавни места.
- Смена на имињата на улиците.
- Забрана за движење на странци по 23 часот.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.