Шкотите произведоа пиво, кое има поголем процент алкохол од вотката и вискито
09:45 | 18.02.2010 | Автор: МИА
Единбург, 18 февруари - „Синк д Бизмарк“ е новото пиво на шкотската пиварница „БруДог“, а со своите 41 процент алкохол е најсилното пиво на светот.
Шкотите со тоа им ја земаа титулата на Германците, чија пиварница „Шоршбрау“ произвде пиво до 40 проценти алкохол. Името на шкотското пиво е директна провокација на конкурентскиот германски пијалок.
„Синк д Бизмарк“ е легендарната наредба на Винстон Черчил, откако Кралската воена морнарица го потопи германскиот воен брод. На Черчил Бизмарк особено му пречеше бидејќи тој претходно ја потопи гордоста на британската флота, крстосувачот Вуд.
„Синк д Бизмарк“ според начинот на производство и карактеристиките е навистина пиво, но не е питко како останатите пива, поради високото ниво на алкохол во него.