Заработката на филмот „Аватар“ над две милијарди долари
14:45 | 01.02.2010 | Автор: МИА
Лос Анџелес, 1 февруари - Анимирано-играниот филм Аватар постави минатиот викенд нов рекорд во поглед на заработувачка - над две милијарди долари.
Најновото остварување на режисерот Џејмс Камерон го собори рекордот на Титаник од 1997 година и е филм со најголема заработувачка на досега во светот.
Американски медиуми јавуваат дека е можно тој филм вкупно да донесе заработувачка од три милијарди долари.
Сепак во вкупните приходи, кога ќе се пресмета инфлација и заработка само по тоа колку некој филм заработил во кино-дистрибуција, Аватар е зад хитовите како што се Однесено со виорот и Војна на ѕвездите.