Почнува реконструкцијата на Илинденска
09:30 | 16.02.2010 | Автор: МИА
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на почетокот на градежните работи за проширување на булеварот „Илинден“.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски ќе биде придружуван од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Проектот за проширување на булеварот „Илинден“ го спроведува Град Скопје, а градежните работи ќе стартуваат кај крстосницата на булеварот со улицата „Наум Наумовски Борче“.