Шпиц

И Фердинанд ја легнал девојката на Бриџ

21:00 | 08.02.2010 | Автор: Шпиц

Капело му ја одзеде капитенската лента на Тери за афера што траела 12 минути и му ја даде на дефанзивецот кој со Ванеса се гледал со месеци

Поранешната девојка на Вејн Бриџ, Ванеса Перонсел до темел ја потресе фудбалската јавност во Англија. Нејзината афера со дефанзивецот на Челзи го чинеше Џон Тери губење на капитенската лента, но и новиот предводник на фудбалска Англија, Рио Фердинанд, бил плен на сексуално ненаситната Французинка.

- Дефанзивецот на Манчестер јунајтед подолго време се среќаваше со Ванеса. Рио Фердинанд не е ангел и тој е склон на скандали. Не требаше тој да го замени Тери, бидејќи Рио е познат по своите ноќни дружби со жените и со наркотиците - изјави анонимен извор за „Дејли мејл“.

Тери успеа да ја убеди сопругата Тони да му прости за изневерувањето, а со засега непозната сума на пари и ја затвори устата на Ванеса. Таа беше подготвена пикантериите да ги продаде во жолтиот печат, но се повлече во последен момент. Затоа, пак, прозбореа нејзините пријателки. Верувале или не, аферата на Тери со ексдевојката на Бриџ, траела само 12 минути.

- Тие двајца имаа секс само еднаш во животот и тоа траеше 12 минути. Џон беше во нејзина близина, откако Ванеса се раздели со Бриџ. Беа добри пријатели, а во моменти на слабост го поделија и креветот. Утврдија дека тоа е грешка и престанаа да водат љубов - изјави пријателка на Ванеса Перонсел.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.