Две децении од распадот на СССР
12:45 | 11.03.2010 | Автор: e-reporter
Литванија денеска одбележува 20 години независност, како прва советска република која се отцепи од СССР.Претседателите на Словенија, Полска, Финска, Естонија и Латвија ќе се обратат на свечена седница во парламентот во Вилнус, каде на 11 март 1990 година беше прогласена декларацијата за независност.
Меѓу шефовите на држави,кои, иако покнаети, нема да се појвата на прославата се претседателоте на Русија и на Белорусија, Дмитриј Медведев и Александар Лукашенко, пренесува еРепортер.
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во писмо до литванскиот претседател на Литванија Далиа Грибаускајте оцени дека Литванија со приклучувањето кон ЕУ во 2004 година внесла „нова динамика“ во Унијата.
Американскиот претседател Барак Обама оцени дека настаните од 11 март 1990 биле од витално значење за обнова на демократските вредности во Централна и Источна Европа.