Шпиц

Конференцијата за Западен Балкан, неизвесна

10:30 | 10.03.2010 | Автор: МИА

Премиерот на Словенија Борут Пахор денеска соопшти дека испратил претставник во Загреб и Белград со цел решавање на спорот околу учеството на Косово на Конференцијата за Западен Балкан планирана за 20 март во Словенија, затоа што Србија е против учеството на Косово како независна држава.
Пахор рече дека првенствено поради тој спор невозможно е да се тврди дека Конференцијата воопшто ќе се одржи и додаде дека и ако се одржи неможе да се каже дека ќе биде успешна.
Србија на Словенија, која е организатор на собирот заедно со Хрватска, Советот на Европа и Европската комисија, претходно и посочи дека нема да додје на Конференцијата доколку Косово не биде претставено во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН, а тоа значи како Косово - УНМИК.
Властите во Приштина инсистираат Косово да се третира како суверена држава.
Пахор, истакнувајќи дека има и други несогласувања меѓу потенцијалните учесници на овој собир, заклучи дека настанатата ситуација е голем залак за Словенија и Хрватска како коорганизатори и оти тие неможат да кажат дали Конференцијата воопшто ќе се одржи.
© spic.com.mk | Сите права се задржани.