Поцрвенувањето се уште недефинирана појава
21:00 | 05.03.2010 | Автор: Шпиц
Лицето црвенее од страв или од непријатност, а оваа појава се уште ги збунува научниците. Секој има своја теорија, но ниедна не се развила подалеку од Дарвиновата.
Наглото поцрвенување на образите е најнеобичниот и најчовечниот израз на човековото лице. Ние тоа го правиме потполно несвесно, обично поради срам, вина или непријатност. До денес не постои конечно научно објаснување за севкупната појава на црвенилото.
- Сметам дека станува збор за една од најголемите еволуциски мистерии на човекот. Очигледно не настанала во текот на човековиот развој за да не штити или да ни служи, бидејќи не сакајќи ги откриваме своите вистински емоции. Но, сепак, сите луѓе црвенеат освен психопатите - образложува Франс де Вал, професор по психологија и специјалист за однесување на универзитетот „Ејмори“ во Атланта.
Англискиот професор по психологија, Реј Крозиер вели дека поцрвенувањето настапува во ситуации во кои постои ризик на другите да им откриете што мислите, а всушност не сакате тоа да се открие. Предавничкото црвенило е сигнал и за искреност. Во тој случај поцрвенувањето работи како исправувач на лошото однесување и на другите јавно им ја сигнализира несвесната грижа на совест.
Жените повеќе црвенеат од мажите поради почувствителната природа и поради послабото сокривање на срамежливоста во јавноста.
Малите деца не црвенеат до третата или до четвртата година од животот, додека не ги развијат когнитивните вештини и го освестат друштвото околу себе. Тинејџерите најчесто црвенеат бидејќи многу размислуваат за себе.
Несаканото внимание го поттикнува поцрвенувањето. Иако несаканото внимание може да биде позитивно, пеење на роденденска песна, комплимент или негативно, јавна критика, луѓето велат дека тоа не им одговара бидејќи најчесто не знаат како да се однесуваат во тие ситуации.